Натпреварот од 19 рунда во Втората МФЛ, Влазними – Охрид е закажан за понеделник на теренот во Прилеп.  Влазними кој ја одлежува суспензијата како домашен терен го има пријавено стадионот во Прилеп.


Натпреварот наместо вообиачено да се одигра во сабота, што беше досега пракса,  е закажан за понеделник со цел да се зачува тревникот за дерби пресметката во недела меѓу 11 Октомври и Тиквеш.

Охрид по 18 рунди се наоѓа на првата позиција на табелата, додека Влазними со 19 бода се наоѓа на 10 позиција на табелата.
М.П.