Тројцата фудбалери кои беа позитивни на коронавирусот се во добра здравствена состојба и се наоѓаат во самоизолацијата во своите домови, – информираат од Градскиот фудбалски клуб Охрид.

Фудбалерите ќе продолжат со активностите и ќе тренираат денеска според планот и програмата од подготвена од стручниот штаб.

Од клубот истакнаа дека распоредот на контролните натпревари нема да претрпи измени и ќе се одвива според првичниот план.

„Рибарите“ во неофицијален тест дуел изгубија од Шкупи 3-1, а официјалниот ќе го имаат в среда против Пелистер во Битола.

OhridNews