Охридските фудбалери утре во Битола против повратникот во Првата МФЛ, Пелистер ќе го одиграат првиот официјален натпревар во подготвителниот период.

„Рибарите“ во саботата ги одмерија силите со Шкупи и претрпеа пораз 3-1, но тој меч не беше официјален бидејќи се играше во скратен формат.

Натпреварот се игра на Стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола со почеток во 17 часот и 30 минути.

Контролен дуел утре ќе има и во Охрид. Екипите на Ренова и Шкупи ќе се судрат на СРЦ „Билјанини Извори“. Дуелот ќе стартува во 17:30 часот.

OhridNews