Лидерот во второлигашката конкуренција Охрид 2004 ремизираше 0-0 на генералниот тест против Влазними во Струга во пресрет на продолжението на шампионатот. Охриѓани одиграа солидно во првиот дел, додека играта во  вториот дел  воопшто не била по вкусот на стратегот Ѓорески.

Тешките услови за игра, студеното време не ни дозволија да ја развиме нашата игра, сепак неможам да бидам задоволен во целост од играта во второто полувреме кога имавме доста проблеми во организацијата на играта – рече Ѓорески.

Неколку прашања се уште лебдат во воздух во охридскиот табор во пресрет на продолжението на шампионатот. Ѓорески до последно нема да знае дали ќе може да смета на услугите на напаѓачот Гоце Толески кој се уште не се одлучил каде ќе ја продолжи играчката кариера.

Секој кој може да помогне во остварување на целта, влез во Првата лига е добредојден – потенцираше Ѓорески.

Охрид во првото рунда од пролетниот дел од шампионатот го пречекува тимот на Локомотива.

М.П.