Дел од фудбалерите на охридскиот прволигаш кои не настапија на мечот со Напредок одиграа “пријателска“ среба со охридскиот подмладок кој е лидер во Б лигата запад. Натпреварот беше со цел да му послужи на тренерот Антиќ одблиску да се запознае со квалитетите на охридскиот подмладок но и да види до каде се со физичката кондицијата резервистите во “првиот“ тим.

– Охрид има добар потенција, а неколку фудбалери од младинскиот погон деновиве ќе бидат префрлени да “работат“ во првиот тим – рече Антиќ.

М.П.