Охридскиот прволигаш Охрид 2004 со високи 9-1 го совлада второлигашот Охрид Лоте на пријателската средба одиграна викендов. Стратегот на охриѓани Драган Антиќ им даде шанса на сите фудбалери, а мечот беше загревање за она што ги очекува наредниот викенд во Кратово.

Дури шест фудбалери се запишаа во листата на стрелци. Клечкароски, Шаќири и Димоски постигнаа по два гола, додекa Бошкоски, Пројков и Дејкоски по еден, почесниот гол за Охрид Лоте беше дело на Толески.
Фудбалерите на Охрид 2004, под палката на стратегот Драган Антиќ, кој минатата седмица бешe отсутен поради семејни обврски, продолжуваат да се подготвуваат за продолжението од сезоната. 
До крајот охриѓани ги очекуваат три гостувања кај Силекс, Вардар и Металyрг, додека во Охрид доаѓаат Брегалница и Шкендија.
М.П.