Рибарите со “плус еден“, градежниците со “плус два“ влегуваат во пролетниот дел од првенството.

Рибарите од пол позицијата ќе тргнат кон целта, влез во Првата лига. Избраниците на Ѓорески имаат еден плус пред директните конкуренти Тиквеш и 11 Октомври, плус шест пред четврто пласираниот Миравци.


На “белите“ дополнително во прилог оди и распоредот во вториот дел од првенството. Седум натпревари ќе одиграат на домашен терен, (во првиот дел имаа 100 % ефект), шест на гости, а директните конкуренти Тиквеш и 11 Октомври ќе гостуваат на “Билјанини Извори“.

Интересна се очекува да биде и битката за обезбедување на бараж натпревар за влез во елитата. За едно место ќе се борат Миравци (23 б), Еуромилк (22), Беласица (19) и Ринија (17).


Охрид Лоте (14 бода) со “плус два“ ќе влезе во трката за обезбедување второлигашки статус. Составот на “градежниците“ кој имаше одличен старт влезе во резултатска криза во финишот на есенскиот дел и се смести во долниот дел на табелата.

“Сино-белите“ битката за опстанок ќе ја бијат со Цементарница (13), Влазними (12), Локомотива (12), Новаци (10), и Влазерими (10) бода. Два од директните конкуренти ќе ги пречека во Охрид, додека на три ќе им гостува.  


Пролетниот дел од шампионатот стартува на 6 март. Охрид`04 ќе игра на домашен терен со Локомотива, додека Охрид Лоте гостува во Гостивар, кај Ринија.

М.П.