Охридските бели во петтата рунда од шампионатот ги прокнижија првите бодови откако на “Атина Бојаџи“ со пресврт 2-1 триумфираа над Врапчиште. Охриѓани го одбраа потешкиот пат до победа. Јусуфи на маестрален начин погоди за водство. Бакулески со прецизен удар израмна додека Речкоски го комплетираше пресвртот и донесе вредни три бода за трката во опстанок.
Почетокот на мечот им припадна на охриѓани кои имаа неколку добри удари од далечина. После воведниот грч гостите преку Алили се заканаа кон голот на Трајаноски. Теренеската иницијатива фудбалерите на Врапчиште ја капатализираа во 30-та минута. Јусуфи одлично прими топка на работ од шеснаесетникот, се намести на природната нога и пласираше во десниот горен агол.
Примениот погодок не ги поколеба избраниците на Мерко. Бакулески предничеше во нападите за изедначување. Токму овој фудбалер во 38-та минута донесе егал откако шутираше прецизно по додавање на Ф. Митрески.
Во вториот дел мечот потполно се отвори, а шансите се редеа пред двата гола. Први се заканаа охриѓани но ударот на Бакулески заврши покрај голот. Врапчиште најдобрата прилика за погодок ја имаше преку Идризи но Трајаноски беше на место.
Нововлезените Секуловски и Реџеп му дадоа друга димензија на играта Охрид. Нападите од страните беа се по опасни. Во 77-та минута по двојна комбинација на Речкоски и Секулоски, првиот изби сам пред Абази го сочека да падне и ја затресе мрежата.
До крајот на мечот “рибарите“ се затворија, и не им дозволија на гостите да се заканат за да сторат нешто повеќе. Во шестата рунда охриѓани на домашен терен го пречекуваат скопски Еуромилк.
Актуелниот освојувач на европски трофеј ГРК Охрид доби уште едно признание во пресрет на почетокот на одбраната на титулата „Гладијаторите“ се најдоа на првото место на Power Ranking листата за сез...
Во рамки на 7-то коло од ракометната Супер лигата ГРК Охрид во недела гостува кај екипата на Мулти Есенс Ни следува натпревар против екипата на Мулти Есенс Станува збор за млада и борбена екипа Наш...
ГРК Охрид е пред нов европски предизвик во одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп Во пресрет на двомечот со турски Спор Тото СК, кој на 23 и 24 октомври ќе се одигра во Охрид, стартува продажб...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.