Охридскиот фудбалски клуб, без посериозни промени во играчкиот ростер, денеска ги стартуваше зимските подготовки за втората етапа во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Подготовките ќе се одвиваат во неколку фази и ќе се работи во Охрид. Во фокусот од почетната фаза ќе биде физичката подготвеност. Потоа следува тактиката на која ќе се работи низ тест натпревари. – изјавија од клубот.

„Рибарите“ имаа договорено седум контролни средби кои ќе се одиграат во период од 26 јануари до 20 февруари. Ривали на охридските фудбалери во тест натпреварите ќе бидат српска Јагодина (26 јануари), битолски Пелистер (30 јануари), Ренова (3 февруари), Струга Трим Лум (6 февруари), Караорман (10 февруари), Велазерими (17 февруари) и Велешта (20 февруари).

Охриѓани првата полусезона во Втората лига ја финишираа на четвртото место со два бодови помалку од второпласираната Велешта и третопласираниот Гостивар. Сезоната стартува на 27 февруари. Во првото коло Охрид игра против Кораб од Дебар.

Мх.П.