Стартот на подготовките лидерот во второлигашката конукренција Охрид 2004 ги закажа за 15. јануари. На првата прозивка шефот Ѓорески ќе ја запознае екипата со планот и текот на подготовките.


На клубот засега му пристапија четворица фудбалери и тоа од соседот Охрид Лоте, а ниту еден од постојниот ростер не го напушти Охрид. Статегот на располгање ќе ги има Бочески Игор, Шопоски Ненад, Речкоски Томче и Митрески Филип.

Целиот тек на подоготовките рибарите ќе ги минат во Охрид, каде и ќе одиграат неколку тест – средби со екипи кои ќе дојдат на подговотвки во градот крај Охридското Езеро.

М.П.