15 -ти јуни е одреден како датум на кој “рибарите“ ќе ја одржата првата прозивика на која ќе биде објавен и планот и начинот на подготовките за настапите во Првата лига.


До стартот на подготовките ќе го одредиме новиот тренер, како и листата со евентуалните засилувања – вели Илче Каланоски , потпретседател на клубот.

Охриѓани по обезбедувањето на влезот во првата лига, заминаа на заслужен одмор. Неколку дена по финишот клубот го напушти првиот тренер Зоран Ѓорески – Џајо.


Клубот ќе треба до 30 јуни да уплати 12 илјади евра на име котизација во Фудбалската федерација на Македонија, за да го осигура настапот во Првата лига.

М.П.