Охридските “рибари“ в недела од 13 часот ќе ја имаа првата прозивка со што ќе започнат подготовките за вториот дел од сезоната. Охриѓани во вториот дел ќе ги предводи Горазд Михајлов, новина е враќањето во клубот на минатогодишниот стратег Зоран Ѓорески – Џајо кој ќе работи како помошник.


По неделниот тренинг ќе биде појасна ситуацијата со кој тим Михајлов ќе ја продолжи прволигашката авантура. Неколку фудбалери го напуштија Охрид, дел имаат исписници, додека се највуваат и нови засилувања.

Охрид 2004 по првиот дел од сезоната се наоѓа на осмата позиција со 20 бода.

Стартот на Првата лига е на 3 март, а Охрид 2004 на домашен терен ќе го пречека Турново.

ohridnews