Фудбалерите на Охрид со убедлив триумф над младинците од битолски Пелистер (9-2) ги комплетираа тест средбите во подготвителниот период во пресрет на почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.

„Рибарите“ квалитетот на дело го покажаа во првите 15-тина минути од натпреварот кога постигна три погодоци. До крајот на полувремето Охрид стигна до водство од 6-1. Во вториот дел охриѓани повторно доминираа на теренот и тоа резултираше со нови три погодоци во мрежата на битолчани.

Ова беше прв триумф за охридските фудбалери во подготвителниот период после ремито со Велешта и поразите од албанските екипи Влазнија и Кораб и Дрига од Богиње.

Охридските „сино бели“ сезоната ја започнуваат в сабота на 24 август против кичевски Велазерими. Мечот се игра на СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 17 часот.

OhridNews