Паузата во првенството поради репрезентативните обрвски екипите ФК Охрид и Охрид Лоте ја искористија да одиграат пријателска средба која им припадна на “рибарите“ со убедливи 9-1.


Осум различни фудбалери зе запишаа во листата на стрелци за охридскиот прволигаш, прецизни беа Китрозоски, Димоски, Брадоњиќ, Клечкароски, Меди, Дејкоски, Љ. Митрески и два пати мрежата ја тресеше повратникот во екипата Ф. Митрески. Почесниот погодок за “градежниците“ го постигна Стојкоски.


“Рибарите“ во 10-та рунда од првата македонска фудбалска лига гостуваат на Работнички додека Охрид Лоте на домашен терен го пречекува Осогово.

Ohridnews