Белгискиот репрезентативец Кевин де Брујин, кој настапува во Волфзбург ќе биде една од главните ѕвезди во летниот преоден рок.


Де Брујин е желба на Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити, ПСЖ и германскиот гигант Баерн Минхен. Еден од најдобрите играчи на „баварците“, Френк Рибери смета дека Белгиецот не е потребен на „Алијанц арената“.

– Во овој момент Де Брујин не е идеален фудбалер за Баерн Минхен бидејќи не му одговара нашата игра. Тој е перфектен кога има простор пред него, а ние негуваме друг стил на игра. Нашите противници максимум ќе ти остават четири метри простор за игра, а тука не би можел да се снајде Де Брујин. Сепак, тој е млад играч и Бундес лигата е вистинско место за него бидејќи ќе научи многу работи. – рече Рибери.

Де Брујин беше дел од Челси, но Жозе Мурињо одлучи да го продаде во Волфзбург каде се препороди и зад неговото име сезонава има импозатни бројки.

Мх.П.