Францускиот интернационалец Френк Рибери ја разбранува германската јавност со пофалните зборови за Карло Анчелоти и критиката меѓу редови за Пеп Гвардиола кој три сезони го предводеше Баерн Минхен.


Меѓу Рибери и Гвардиола никогаш немало недоразбирања, барем во јавноста затоа германците зачудено ја примија изјавата на Французинот.

– Драго ми е што Анчелоти дојде во Баерн и конечно имаме одличен стратег на кој можеме да му веруваме. На сите нам ни требаваше ваков човек кој не потсетува на Хуп Хејнкес и Отмар Хитцфилд. – стои во изјавата на Рибери.

Во трите минати сезони на клупата од „баварците“, Гвардиола освои исто толку титули во Бундес лигата, но ниту еднаш не успеа да ја покори Европа.

OhridNews