рославениот француски интернационаллец, Франк Рибери е блиску до одлуката да ја заврши кариерата, поради хроничната повреда на скочниот зглоб, пренесува „ L’Equipe “.
Крилниот напаѓач на минхенски Баерн, минатата сезона се обидуваше да се рехабилитира од повредата, но ниту една терапија не ги дала посакуваните резултати.
Актуелниот германски шампион претходно соопшти дека Рибери со сигурност ќе го пропушти стартот на новата сезона, без да ги коментира написите на францускиот весник.
„Ќе го оставам фудбалот“, наводно им рекол Рибери на своите пријатели.
Рибери кој на 7.април наполни 32 години, во 2007 година од Олимпик Марсеј пристигна во Минхен и во наредните осум сезони освои вкупно 15 трофеи, меѓу кои најзначаен е оној од Лигата на шампионите.
За репрезентацијата на Франција со која во 2006 година играше во финалето на Светското првенство, има настапено на 81 натпревари и постигнато 16 голови.
„Макфакс“