Од доделувањето на концесијата на „Пастрмка 2012“ ДООЕЛ, спроведени биле
70 акции на Охридското Езеро, поднесени биле 8 кривични пријави за
незаконит риболов и запленети километри нелегално поставени мрежи со
маломерни окца.
-Вложени се големи средства во набавка на
софистицирана опрема за ноќно набљудување и контрола. Сите овие
активности на концесионерот придонесоа рибокрадството на Охридското
Езеро да се намали за 80 проценти, со што се покажа исправна одлуката на
државата за негово давање под концесија. Со предвидените мерки и
строгите законски прописи гарантираме дека уште повеќе ќе се намали
бројот на рибокрадци на Охридското Езеро.-информираат од „Пастрмка 2012“.
Оттаму посочуваат дека преземените мерки се во насока на заштиота на рибниот фонд, кој неконтролирано се изловуваше од рибокрадците во периодот кога езерото немаше концесионер. Од „Пастрмка 2012“ укажуваат дека стопанскиот риболов се врши под строго утврдени услови и под надзор на Државниот инспекторат за земјоделство и Хидробиолошкиот завод од Охрид.