Рибокрадци фатени на дело, запленети пловни објекти и мрежи
18.01.13 12:02
Во координирана акција на рибочуварската служба на концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, МВР и Државниот инспекторат за земјоделие од областа на рибарството, што траела до рано утрово, на потегот од Пештани до Трпејца запленети се 80 нелегално поставени рибарски мрежи и два пловни објекти. Тие се конфискувани и предадени на надлежните служби за понатамошно постапување.
Исто така, во широка акција која била спроведена минатата недела, во водите на Охридското Езеро биле затекнати две лица од селото Трпејца како вршат незаконит риболов. Против нив се поднесени соодветни пријави.
Концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, најави дека рибочуварската служба, полицијата и Државниот инспекторат за земјоделство од областа на рибарството, ќе продолжат со уште пинтензивни контроли со цел заштита на ендемскиот вид пастрмка во сезоната на мрест, кога строго е забранет секаков риболов.
Со низа активности и пригодни свечености Општина Охрид ќе го одбележи 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот Програмата започнува вечерва со изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никол...
Втората седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи во среда, 12 ноември, со почеток во 9:00 часот Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид На Дневен ред се 11 точки кои се однесуваат...
Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес распишува Јавен повик за финансирање на предлог – идеи од јавен интерес во областа на културата на Општина Охрид за 2026 ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.