Иако оваа година популарната охридска плашица ја има во помали количини во каналот Студенчишта, пријатното пролетно време измами голем број спортски риболовци на оваа локација.

Старите охридски рибари велат дека плашицата е застапена во дел од реките кои припаѓаат на охридското сливно подрачје, а во каналот Студенчишта најмногу е застапен грунецот.

Инаку, оваа локација е најатрактивна за време на зимскиот период, кога „плашицата“ презимува во каналот. Во тој период од годината, можат да се забележат стотици риболовци од Охрид и околината кои уживаат во рекреативниот риболов.

О.Т.