Прилепскиот 11 Октомври со одлука на дисцплинската комисија на ФФМ е казнет со шест натпревари играње надвор од својот стадион “Гоце Делчев“. Во 8-та рунда од македонскиот шампионат раководството на прилепчани ја нападна судиската тројка, натпреварот беше прекинат во 86-та минута при резултат од 1-0 и регистриран со службени 3-0 за Ренова.


Избраниците на Секуловски, мечевите како домаќини ќе ги играат во Струга, на градскиот стадион.

Се одлучивме да ги играме натпреварите во Струга, во ланската сезона Влазними беше исто така беше казнет играше на нашиот стадион. Сакаме да ја продолжиме соработката со нив, затоа го одбравме Струга како привремен дом – истакна членот на управниот одбор на 11 Октомври, Саше Иваноски.

Мх.П.