Фудбалската репрезентација на Црна Гора се соочува со ригорозна казна за навивачките нереди на дуелот со Русија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 година во Франција.


Бодовите од натпреварот, кој не го дочека својот крај поради навивачките испади ќе и припаднат на Русија по службен пат, а Црна Гора можеби ќе биде исклучена од квалификациите за ЕП.

– Ако мора да прогнозирам би рекол дека Црна Гора натпреварот ќе го изгуби службено, а нема да продолжи да се натпреварува во квалификациите. Тоа што се случи во Подгорица гледано од правна точка е кривично дело и сите кои учествуваа треба да бидат казнети според законот. – рече Лучо Колантон судија во меѓународниот спортски суд. 

Од ударот со бакља од трибините рускиот голман Игор Акинфеев се здоби со потрес на мозокот и изгореници на вратот. Иако рускиот репрезентативец го прости испадот на навивачите сепак црногорците ќе бидат драстично казнети од УЕФА. 

Во овие квалификации ова не е прв натпревар да се решава на зелената маса место на теренот. Прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија имаше судска разврска и казни за две страни.

Мх.П.