Нападот со солзавец на играчите од Ривер Плата, дронот на теренот и нередите на трибините скапо ги плати тимот на Бока Јуниорс, кој е исфрлен од понатамошно натпреварување во Копа Либердаторес.


Покрај дисквалификувањето од лигата клубот од „Ла Бомбинеира“ е казнет парично (200 000 долари), а во следната сезона четири меча ќе ги игра без публика. Исто така навивачите на Бока имаат забрана за патување на гостинските натпревари.


Навивачите на Бока фудбалерите на Ривер ги нападнаа на полувремето (0-0) во тунелот со солзавец откако ја зачуваа предноста (1-0) од првиот натпревар.

По смирувањето на страстите на теренот долета дрон со знаме на кое ја имаше само буквата Б, која алудираше на Втората лига каде се натпреваруваше Ривер.

Тотален хаос на најголемото фудбалско дерби во Аргентина (видео).

Ohridnews