Дисциплинската комисија на ФИБА ригорозни ги казни кошаркарите на Филипини и Австралија и судиите за општата тепачка која се случи во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Од селекцијата на Филипини суспензии добија десет кошаркари, а посебна доби Роџер Порго кој и ја започна тепачката. Селекторот на Филипини ќе паузира еден натпревар и ќе мора да плат 10 000 франци. Кошаркарската федерација на Филипини ќе уплати 250 000 франци во касата на ФИБА, а следниот меч ќе го игра пред празни трибини.

Австралијаните поминаа полесно. Тројца кошаркарки вкупно ќе паузираат осум натпревари, а федерацијата доби казна од 100 000 франци.

ФИБА ги казни и судиите, кои, година дена немаат право да судат натпревари на меѓународна сцена. Парите од суспензиите ФИБА најави дека ќе го донира во добротворни цели.

OhridNews