Екипата на Лестер со триумф на домашен терен против Хадерсфилд (3-0) ја започна Новата 2018 година. Но, менаџерот на „лисиците“, Клод Пауел ќе има работа надвор од теренот со Ријад Марез.
Фудбалерот за врска кој има договор до 2020 година посакува да си замине од екипата, а Пауел лично ќе разговара со Марез и ќе одлучат за неговата иднина.
– Марез одигра одличен натпревар. Многу ми се допаѓа како играч и сакам да го задржам во екипата. Во разговор лице в лице ќе разговарам за неговата иднина. – изјави менаџерот.
Шампионот во Премиер лигата од сезоната 2015/16 во летниот преоден рок одби понуда од Рома висока 27 милиони евра за услугите од Марез. Во трката за неговиот потпис се уклучи и Арсенал, кој се уште нема испратено официјална понуда.
OhridNews