Фудбалерот на англискиот шампион, Лестер, Ријад Марез е прогласен за најдобар фудбалер во Африка за 2016 година.


Левоногиот фудбалер во изборот ги совлада Пјер Омерик Аубамејнг од Борусија Дортмунд и Садио Мане од Ливерпул.

Репрезентативецот на Алжир заедно со напаѓачот Џејми Варди беше најзаслужен за титулата на Лестер во Премиер лигата.

Марез од играчите во Премиер лигата беше прогласен за најдобар фудбалер, а годината за паметење ја завршува со признанието за најдобар во Африка.

Членот на Лестер во Англија се пресели од Ле Авр за 500 000 евра, а сега неговата вредност се проценува на 40 милиони евра. 

OhridNews