Ријана и Крис Браун меѓусебно се игнорирале во ноќниот клуб „Плејхаус“ во Лос Анџелес, пренеле медиумите. Три дена по доделувањето на наградите Греми на кои изгледале многу вљубено, парот повторно ја прекинал својата врска. Ријана и Крис Браун во средата пристигнале во клубот одвоено. Локалот го напуштиле ден без друг, а за време на целата ноќ не комуницирале. Пејачката наводно не знаела дека раперот ќе биде во клубот, а понудата да седне покрај него ја одбила без двоумење.
Неименуван извор рекол дека не сакала да седне покрај Крис ниту да биде во негова близина. Тој се обидел во целата ситуација да остане незабележан. Нејзиното присуство воопшто не му годело, но пронашол начин да се забавува. Кога ја здогледал пејачката нарачал три шишиња алкохол кои му ги донеле разголени келнерки. Иако неодамна се појавиле гласини дека се вериле, најновиот настан покажува дека раскинувањето повторно е актуелно.