Скандалозната пејачка Ријана завршила во болница поради исцрпеност и дехидрација предизвикани од прекумерно конзумирање на алкохол и марихуана. Сепак, брзо закрепнала и заблескала на црвениот тепих на премиерата на филмот “Battleship” во Лос Анџелес.

Пејачката се појавила во бел долг фустан, со голем шлиц, деколте и гол грб, и со широка насмевка им позирала на фоторепортерите. Пред неколку дена на Твитер ставила фотографија од болницата додека примала инфузија, но на премиерата немало траги од исцрпеноста. Таа изјавила дека се чувствува многу подобро и дека имала неколку дена да закрепне.