Поп пејачката Ријана поставила нов рекорд во продадени албуми во една седмица. Имено, таа продала дури шест милиони примероци. Албумот со име „Анполоџетик“ така сега е на првото место на листата на Билборд по најголем број продадени албуми во една седмица.
На албумот се наоѓаат некои од сингловите кои и самите биле на првото место на листата на Билборд, како „Дајмондс“ и „Стеј“, која ја пее во дует со Мики Ек и „Рајт Нау“ која ја снимила во соработка со светски познатиот диџеј Дејвид Гета.