Пејачката Ријана сака ноќни излегувања и добри забави, и неодамна пронашла нова другарка за тоа, и тоа не било кој, туку манекенката Кејт Мос. Како што пишуваат британските медиуми, Ријана ја повикала Кејт да и се придружи на фестивалот “Wireless” во Лондон. Ријана ја познавала манекенката и била воодушевена од нејзиниот ведар дух.
Во меѓувреме, медиумите пишуваат дека пејачката има нова тетоважа, на вратот над клучната коска, а станува збор за мал крст. Тоа е дванаесетта по ред тетоважа која ја има Ријана, а последната ја направила кај тату мајсторот Бенг Бенг во Њујорк.