Ријана неодамна со другарката Мелиса Форде посетила еден стриптиз клуб, а со своите фанови на Твитер поделила и фотографии на кои држи една од танчерките за голите гради и и дава голема напојница. Под фотографијата напишала дека нејзиниот татко би се гордеел со неа и дека стрипризерките се најголеми убијци на стресот.

Ријана и Мелиса биле во таканаречена приватна соба, во која стрптизетите приредуваат вистинско шоу и дополнително уживање. Пејачката и нејзината другарка за тоа задоволство издвоиле значителна сума пари. Тие две неодамна излегле во познатиот лондонски клуб “Rose”, каде Ријана поприлично се напила и скршила шише шампањско. Во еден момент се качила на масата во ВИП сепарето, која подоцна се скршила. Утрото во шест часот, откако излегла од клубот, пијана им позирала на фотографите.