Новиот претседател на ДИК, Никола Рилкоски  порача дека ќе ја тргне политиката од работата на ова тело, а негова прва задача ќе биде решавањето на проблемот со Избирачкиот список. Најави дека ќе го даде максимумот од себе со своето знаење и искуство  да придонесе за поуспешно работење на ДИК, информира телевизија Телма.

– Најпрвин од овде давам јавна порака дека ќе настојувам политиката што помалку да влијае врз работење на ДИК и врз судбината Избирачкиот список. Ќе ги воспоставм веднаш првите контакти со сите оние што имаат свое влијание врз овој документ: Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика, ОБСЕ, НВО така што во тој дел ќе сторам се што е максимално од моја страна за да дојдеме до една ситуација сите контраверзи што се врзани со Избирачкиот список да ги надминеме што побрзо и што поуспешно, изјави Рилкоски.

Започнуваат и подготовките за претседателските избори. Рилкоски смета дека сегашниот состав на ДИК има поминато неколку избори и дека ќе се обиде претстојните  да поминат во најдобар ред. Очекува докрај да ја извршува функцијата и не верува дека ќе постапи како неговите претходници, Борис Кондарко и Александар Новаковски кои си поднесоа оставки .

OhridNews

извор: Телма