Засега е мирна ситуацијата со Ковид 19 во градинките во Охрид. Директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Мери Рилкова, вели дека се надева ситуацијата да остане ваква барем до крајот на месецов.
Имамаме две – три деца кои оваа тековна недела се во изолација, поради родители кои се позитивни на Ковид 19 и истите се во изолација. Случај на дете заболено со Ковид 19 засега немаме, ниту група ставено во изолација. Ситуацијата е мирна и се надеваме дека барем месецов ќе остане така. Во прилог ни одат и временските прилики, па поголем дел од активностите се уште гледаме да бидат на отворено, а секако и почесто се проветруваат просториите каде престојуваат децињата, вели Рилкова.
Од вработениот персонал во градинката засега само едно лице е во изолација, која веќе истекува и наскоро треба да се врати на работа.
Иако нема ни недела дена како се отпочнати со работа новите групи со зголемен број на дечињата истите се веќе скоро пополнети, од децата кои веќе беа во групите плус дечиња кои беа на листа на чекање, бидејќи групите претходно ни беа до 15, односно до 20 дечиња. Од септември зголемен е бројот на деца кои се примаат во групите од 2 до 6 година на 25, а додека до 2 години остануваат до 15, додава Рилкова.
Протоколите се почитуваат и се на сила како и претходно. Пред стартот во септември е направено повторно темелно чистење на сите објекти, дезинфекција, миење на играчките, перење на душеците и се тоа што спаѓа во одржување на хигиената. Секако дека овие работи се практикуваа и во текот на летниот период и постојано. Останува препораката за упис на деца со двајца вработени родители и самохрани родители да имаат предност при запишување информира Рилкова.
Н.С.Ј.













