Англиската национална телевизија „BBC“ го промовираше документарниот филм „Татко и мајка“ кој се однесува за животот на Рио Фердинанд после смртта на неговата сопруга Ребека.


34-годишната Ребека почина од рак на дојката 2015 година, а со прославениот фудбалер на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација имаа три дечиња. Фердинанд токму дечињата и пријателите ги наведува како причина за нормализирање на животот после големата загуба.

– Кога Ребека почина пиев преку цела ноќ. Имавме помошничка во нашата куќа, но кога таа ќе завршеше со својата работа јас се затворав в соба и пиев неконтрилирано. Сигурно тоа траеше три-четири месеци, но секогаш бев подготвен сабајле да ги однесам дечињата на школо. – вели во документарецот Фердинанд и додава – Сега ги разбирам луѓето кои ќе почнат да одат по мрачни места кога не можат да се изборат со тагата. Ќе излажам ако не кажам дека размислував за самоубиство и тоа неколку пати дневно. Но, имав среќа што околу мене имав вистински пријатели и нашите дечиња кои ми даваа надеж за живот констатно во тие три-четири пеколни месеци.


По завршувањето на богатата фудбалска кариера Фердинанд се вработи во „БТ“ телевизија како стручен фудбалски аналитичар.

OhridNews