Ристе Мишев, работно ангажиран во локалната самоуправа и близок соработник на градоначалникот Никола Бакрачески, ќе биде нов директор на ЈП „Билјанини извори“. Во трката за раководната функција во ЈП „Билјанини извори“ се спомнуваа повеќе кандидати, а како најсериозни беа посочени токму Мишев и актуелниот претседател на УО Љупчо Танески.
Се очекува Мишев да го добие решението со што и официјално ќе стапи на новата функција.
OhridNews