ГРК Охрид ги продолжи договорите со тројца свои играчи.

Левото крило Никола Ристески и пивотменот Иван Тасески ги продолжија договорите со клубот до 2028 година, а левиот бек Дејан Кукуловски до 2027 година.

ГРК Охрид ги одработува зимските подготовки во Република Србија каде од 17 до 19 јануари ќе биде дел од 5-то издание на меморијалниот ракометен турнир “Вук Рогановиќ”.

Г.М.

.