Ристо Самарџиев, Наум Петрески и Мики Јевремовиќ ќе настапат во ревијалниот ден на интернационалната вечер на овогодинешното јубилејно 20-то издание на „Охрид Фест – Охридски Трубадури“.
Водител на интернационалата вечер ќе биде познатиот македонски поп пејач Зафир Хаџиманов.
Инаку, „Охрид Фест – Охридски трубадури“ се оддржува од 20-ти до 24-ти август во централното градско подрчаје. „Трубадурите“ ќе бидат отворени со детскиот фестивал „Чунга лунга“, потоа следи вечерта на нови ѕвезди, третиот ден е посветен на фолк-музиката, четвриот е поп-вечерта, а фестивалот ќе биде затворен со интернационалната вечер.
Билетите можат да се набават во „Објектив”, ноќен бар „Ликвид” и пред влезот на секоја фестивалска вечер.
OhridNews