По голема борба Македонија на крајот мораше да и подаде рака на Франција која со 30-23 ја совлада нашата селекција и ги запиша првите бодови во А групата.
– Французите знаеја како во финишот наспроти нас. Одигравме добро прво полувреме и не треба да се залетуваме после овој натпревар. Ќе чекориме по зацртаниот план без остапување и скршнување. Натпреварот против Полска ќе биде уште потежок. Ќе играме пред полна сала навивачи на Полска, а домашните ракометари ќе бидат крајно мотивирани. – рече после мечот голманот Борко Ристовски.
Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров не гледа причина за разочарување после поразот од „триколорите“. – Одигравме добро онака како што се договоривме. Дадовме максимум, верувавме во победа, но не заборавајте против нас ја имавме Франција. Од овој меч ќе извлечеме поука дека можеме против секого и не треба да се плашиме.
Вториот натпревар на ЕП, Македонија ќе го одигра во недела (20:30ч) против домаќинот Полска.
Ohridnews