– Целта на екстерното тестирање е постигната. Процентот на отстапки од планираното е релативно мал, што ни дава за право да го оквалификуваме процесот како успешен. Очекувам дека од следната учебна година овој процес ќе стане рутински во сите училишта и за сите засегнати страни“, оцени министерот Ристовски.
Тестирањето на 193.176 ученици, со кое се оценува колку наставниците се објективни во вреднувањето на нивните знаења, беше прво оваа година и се спроведе од 27 мај до 10 јуни.
Првите резултати на 14 јуни, ќе ги добијат одмоодделенците кои на 24 јуни ги очекува првото пријавување во јунскиот испитен рок за запишување во средните училишта. Останатите ученици резултатите ќе ги добијат од 17-ти до 21-ви јуни. Тогаш ќе биде и втората сесија од екстерното тестирање за околу 15.000 ученици кои од оправдани причини не беа тестирани во првата сесија.