Македонија ја совлада Полска со 27-25  и остана со теоретски шанси за пласман во полуфиналето на Еп во Србија.


“Црвено-жолтите“ има предност во текот на целиот меч, но благодрение на одличниот Ристовски на голот кој имаше 19 одбранети удари славевме во уште еден драматичен натпревар.

Избраниците на Шундовски уште еднаш одиграа феноменални триесет минути во кои се ни одеше од рака. Ристовски беше несовладлив на голот, капитенот Лазаров (9 гола) ја полнеше противничката мрежа, а помошта стигаше од  Мојсоски (4) и Алушевски (4).

На средината на вториот дел полскиот селектор најде против игра за нашиот тим, со фластерот над Лазаров, влеговме во серија грешки кои ја стопија нашата предност од плус шест на плус три. 

Пивотменот Димовски внесе немир во противничките редови, и со серијата од 3-0 не врати во предност од високи плус пет. Но наместо да го докрајчиме , повторно им дозволивме на противниците да се вратат во игра и да влеземе во неизвесна завршница.

Лазаров беше присебен од седум метри (реализираше шест од шест) и со три плус влеговме во последните две минути. Гостите избрзаа, ние на голот го имавме сигурниот Ристовски кој ја “спушти“ ролетната и ја осигура втората победа за Македонија на континеталниот самит.


М.П.