– Останувам во ракометот, немам намера да станам министер за одбрана и да ги расипувам плановите на премиерот – рече неофицијалниот “министер за одбрана“ голманот Борко Ристовски.

Ристовски наомена дека навивачите биле еден од главните двигатели на овој состав кој успеа да забележи голем успех.

Бескрајно сме благодарни за поддршката што ни се даваше и кога победувавме и кога губевме. Одиме понатаму, пред нас се нови предизвици и очекувам да продолжиме во ист стил, бодрени од навивачите“ – порача Ристовски од плоштадот Македонија.