– На престојното Европско првенство во Србија ќе дадам максимум и заедно со Петар Ангелов да сме нерешлива енигма за противниците. Пред се мора да одиграме “јако“ во одбраната, без нејзина помош тешко е да се оствари добар резултат – истакна херојот од квалификациите, Борко Ристовски.
Шведска, која на клупата го има поранешниот лидер на репрезентација Штефан Олсон е прв противник на “црвено жолтите“ во групата и прв меч кој воопшто ќе се одигра во салата “Чаир“ во Ниш.
– Првиот натпревар е мошне битен за нас, “ослабената“ Шведска е наша шанса. “Викинзите“ не се наивна репрезентација но и тие наидоа на некој проблеми во селекцијата, откази, повреди и недорзбирања. Германија е доста промената во ростерот последниве неколку години, ние ја респектираме но не се плашиме додека Чешка во подготовките покажа дека не е тотален аутсајдер. Во нашата група секој може секого да го победи – потенцираше Ристовски.
Како и голманот Ристовски така и целата репрезентација ветуваат “фанатична“ борба на теренот во Ниш и ќе “гинат“ за секоја топка на теренот.
– Во повеќе наврати истакнвме дека на секој натпревар ќе дадаме 100%. За ова Европско се спремаме веќе еден месе што е сосема доволно. Голема обврска за нас е нацијата да ја издрадуваме со добар пласман – заврши голманот на Вардар Про, Ристовски.
Избраниците на Шундовски в петок патуваат во Србија, а мечот со Шведска се игра в недела со почетокот во 17 часот.