Капитенот на селекцијата до 19 години и младински репрезентативец Стефан Ристовски е позјамен од тимот на Парма на италијанскиот третолигаш Фоџа, пишува Дневник.


Фоџа објави дека за следната сезона обезбедила 13 нови фудбалери кои како позајмени ќе играат во клубот кој во 90-тите години беше член на италијанската елита, меѓу нив е и Ристовски.
Тој пред една година како 17-годишник од Вардар замина во Парма, каде што играше во примавера-натпреварувањето за јуниори. Бидејќи е роден 1992, веќе го загуби правото да настапува во младинското првенство.