Оваа среда на сред село во Пештани (или училишниот хол, во зависност од временските услови) ученици, наставници, родители и сите заинтересирани граѓани од Пештани и Охрид, ќе се здружат во ритмички круг и преку ритам ќе соработуваат, ќе создаваат хармонија и ќе „чукаат како едно срце“.
Настанот ќе почне во 12 часот.
Во соработка со музичари тапанари/перкусионисти и граѓаните проектот „Ритмички круг – заедно како едно срце“ ќе изведе јавен ритмички круг сред во Пештани. Овој настан ќе го води проф. Илија Стојаноски на кој сите присутни ќе соработуваат, заедно ќе создаваат хармонија и ќе „чукаат како едно срце“.
Настанот го организира Центарот за заедничка основа во соработка со ОУ „Свети Наум Охридски“ Пештани – како дел од иницијативата Нов културен бран подржан од Министерството за Култура на Република Македонија.












