Италијанецот Никола Рицоли ќе го води финалето на Мундијалот во Бразил во кое ќе се сретнат Германија и Аргентина. Тој е третиот италијанец по Серџио Гонела (Аргенитина-Холандија 3-1 во 1978), Пјерлуиџи Колина (Бразил – Германија 2-0 во 2002).

– Ова е оставарување на сонот, нема зборови кои можат да го опишат она што го чувстувам. Повеќе од 20 години посветена работа и откажувања требаа за да го исполнам сонот, им благодарам на сите кои на некој начин ме подржуваа и ме охрабруваат во она што го правам. Недела ќе ја преставувам Италија, и сакам да бидам најдобар на теренот, но искрено повеќе посакував Италија да биде во финалето – ијзави за италијанските медиуми Рицоли.

Тој ја доби битката во конкуренција со Проенса,Ериксон, Урматов и англичанецот Хаурад Веб кој го судеше  финалето во 2010.

Никола Рицоли е роден во Мирандола на 5 октомври 1971 година. Суди од 2002 година, а од 2007 година е со знакот на ФИФА. Во 2010 година го водеше финалето во Уефа лигата меѓу Атлетико и Фулам.Во 2013 година го судеше финалето во Лигата на Шампиони меѓу Баерн и Борусија. На шампионатот во Бразил ги водеше мечевите Шпанија – Холандија, Арентина – Нигерија и Aргентина  – Белгија.

Финалниот меч е на програмата во Недела од 21 часот.