Бразилската фудбалска легенда Ривалдо и неговиот син Ривалдо Јуниор постигнаа голови на исти натпревар за екипата на Моги Мирим во дуелот со Макао во втората лига по ранг во земјата.
Ривалдо (43) постигна гол од пенал додека 20-годишниот син стрелаше два пати од игра за вкупна победа 3-1 за екипата.
Првиот човек на клубот Моги Мирим го врати Ривалдо од пензија за да му помогне на екипата во тешките моменти со кои се соочуваше.
Во двата меча во кои играше екс фудбалерот на Барселона екипата на Моги Мирим забележа победи и избега од дното на табелата.
Ohridnews