Ждребката во англискиот Лига куп за осминафиналните натпревари на мегдан ги однесе градските ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Двете екипи имаа една битка сезонава во Премиер лигата која му припадна на „плавите војници“ од Манчестер со 2-1.
Покрај овој меч ждребката одреди уште неколку интересни натпревари како Вест Хем – Челси и Ливерпул – Тотенхем.
Мечевите се играат на 22, 23 и 24 октомври, а во Лига купот се игра еден меч по кој мора да има победник.
Двојки: Вест Хем – Челси, Мен Ју – Мен Сити, Арсенал – Ридинг, Ливерпул – Тотенхем, Бристол – Хул, Лидс – Норвич, Њукасл – Престон, Саутемптон – Сандерленд.
OhridNews