Дечињата сакаат вака организрина спортски натпревари. Заедно со локалната самоуправа, пет години го организираме овој турнир – вели Гоце Тасески од ОУ Христо Узунов.


Децата е најважно да спортуваат, да излезат од дома и да покажат желба за победа.- Учесниците ги тераме да се натпреваруваат, да се развива спортскиот дух во нив, а воедно  да ги тргнеме од дома, од компјутерите но и да ги неутрализираме “црните“ пороци. -истакна Тасески.


Ривалитетот меѓу професорите е огромен, но најважно е децата на терен да покажат своето знаење и умешност. – За нас професорите, не е битно кој ќе победи, ривалетот го оставаме за дечињата. Ние само мора да им го покажаме правиот пат во нивниот развој. –додаде Тасески. 


Тасески смета дека ваквиот систем на натпреварување покрај развојот на масовниот спорт е добар и за развој на професионалниот спорт. Не мечевите кои се играат доаѓаат и преставници на фудбалските школи во Охрид, кои може да забележат некое дете кое отскокнува со својот талент.

М.П.