Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо години наназад води жестота битка со Лионел Меси за првото место на престолот во светскиот фудбал. Луѓето имаат поделено мислење околу кој фудбалер е подобар и поквалитетен.


Роналдо во дресот на Реал Мадрид го надмина Раул во бројот на постигнати погодоци, а од доаѓањето на Сантијаго Бернабеу, Португалецот ја надминува бројката од 50 погодоци по сезона.

– Ривалството со Меси дополнително го мотива Роналдо. Во еден случај добро е што е така, а во друг е лошо што двајцата се поклопија во фудбалскиот свет. Можам да го гледам Роналдо на тренинзите и вистина морам да признаам дека уживам во неговата работа. – рече Зинедин Зидан.

Легандарниот француски фудбалер беше дел од стручниот штаб на Карло Анчелоти, а сега е тренер на Б екипата од Реал Мадрид.

Со него во составот „кралевите“ во 2002 година го освоија трофејот во Лигата на Шампиони победувајќи го Баер Леверкузен во финалето одиграно во Глазгов.

Ohridnews