Фудбалерите на Ривер Плата обезбедија пласман во финалето од Светското клубско првенство откако во 1/2 финалето го совладаа Хирошима со минимални 1-0.


„Црвено белите“ победничкиот погодок го постигнаа во 72-та минута преку Лукас Аларио кој со глава ја погоди противничката мрежа.


Аргентинците во финалето (ќе) ја чекаат Барселона која во второто полуфинале ќе се сретне со Гвангжу.

Ривер Плата во двете одиграни финалиња има една титула и тоа во далечната 1986 година.

Ohridnews

Во продажба пуштени влезниците за „Зимската бајка“ со безвременските македонски евергрини и најкреативниот хумор